Српскиот и Рускиот патријарх се сретнаа на англиска земја

Date:

Share post:

Српскиот Патријарх Иринеј и Рускиот Патријарх Кирил, кои се во посета на Велика Британија имале средба во Лондон.

kiril-i-irinejКако што објави Руската православна црква, двајцата поглавари разговарале за билатералните односи меѓу Руската и Српската православна црква.

На средбата покрај Кирил и Иринеј присуствувале и шефот на одделот за црковна дипломатија на РПЦ, Иларион Алфеев и еден руски Архимандрит, а од српска страна двајца епископи Британско-сканднавскиот Доситеј и Источкоамериканскиот Иринеј.

Нема прецизни детали кои теми биле предмет на разговорите.

Двајцата поглавари се во одделни посети на Велика Британија во исто време. Рускиот во канонска посета на епархијата на РПЦ, а српскиот по покана на поглаварот на Англиканската црква, Џастин Велебеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img