РСЕ: Нема радикален ислам, има радикални поединци

Date:

Share post:

Неколку десетини македонски граѓани се во затвор поради врбување и учество во војните на Блискиот Исток и за ширење исламистичка пропаганда, десетина ги оставија животите на боиштата во Сирија, а неколку десетици се вратија назад. Верските претставници велат дека нема организиран исламски радикализам во земјава и дека исламот забранува насилство, но оти радикални поединци секогаш може да се појават, објавува Радио Слободана Европа.

rse-4Во видео анализата на Радио слобода Европа стои дека во Македонија нема организиран радикален исламизам, но секогаш може да се појават радикални поединци кои, злоупотребувајќи ја верата, промовираат насилство.

Професорот по безбедност Стојан Славески вели дека има македонски државјани кои работат на радикализација на состојбата и оти има регионална поврзаност на исламистичките радикали. Закана за Македонија постои, но не е од највисок степен како што е во некои западноевропски земји, вели тој.

Деканот на Факултетот за исламски науки, професор Фахрудин Ебиби, вели дека исламот го забранува насилството, но оти радикализирани поединци секогаш може да има.

-Радикалците немаат место во исламот. Од страна на пророкот тоа е забрането. Според пророкот Мухамед, радикализмот не е дозволен и не се третира како дел од исламот, но секогаш има такви што ги пречекоруваат надлежностите. Никој нема право да го презентира како радикален, самиот ислам, изворите на исламот не го дозволуваат тоа“, вели во изјава за Радио Слободна Европа.

/РСЕ

Погледнете ја видео анализата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...