Двоедна заповед

Date:

Share post:

Во денешното евангелско четиво (види: Матеј 22, 35–46)постојат два навидум посебни дела. Првиот дел е оној во кој Христос говори за двете најголеми заповеди: првата – „возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, и со сиот свој разум“; и втората – „возљуби го својот ближен како себеси“. Овие две заповеди ја даваат аскетско-исихастичката основа на која се крепи целокупниот православен духовен живот во Христос. Еве и зошто:

Најбитно е енергијата на нашиот ум да ја насочиме кон Едниот Вистински Бог – Отецот и Синот и Светиот Дух. Ако не ја насочиме кон Бог, тогаш речиси сигурно, без оглед на намерата, ја насочуваме кон демоните или кон останатата словесна и бесловесна твар. Така, секој нека се преиспита и нека си одлучи со кого ќе влезе во комуникација преку насочувањето на енергијата на својот ум – со создадената словесна и бесловесна твар или со несоздадената енергија Божја. Последиците се апсолутно различни. Со претходно опишаното дејствие може да се исполни првата Божја заповед: „Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, и со сиот свој разум”.

Ништо помалку битно е истата енергија и при секундарната функција на умот – како разум, да биде правилно насочена. Сите сме поставени пред следниот избор: дали ќе ја насочиме кон исполнување на Божјите заповеди или ќе ја насочиме кон задоволување на нашите страсти. Навидум едноставен е и вториов избор, но во суштина зависен е од првиот. Со претходно опишаното дејствие може да се исполни втората Божја заповед: „Возљуби го својот ближен како себеси”.

Битно е да запамтиме дека: колку повеќе преку исполнување на заповедите Го познаваме Бог, толку попрецизно и посилно ја насочуваме енергијата на нашиот ум кон Него. И обратно. Едната без другата заповед е невозможно да се исполнат.

А што се однесува до вториот дел, во него Христос ги запрашува фарисеите, како може ако е Христос Син Давидов, како што и тие самите тврдат, Давид да Го нарекува Господ? Со ова Самиот Христос им укажува дека Синот Божји е и Син Човечки, односно дека се воплотил и станал Богочовек, и  дека како таков ги исполнил и двете заповеди, па од тој момент тие две најголеми заповеди веќе не се слични, туку се еден и ист подвиг. Освен тоа што ги исполнил овие заповеди, Тој уште и рекол: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле” (Матеј 25, 40), со што уште еднаш покажува и потврдува дека – да се љуби ближниот како себеси е исто што и да се љуби Бог со сето срце, душа и разум.

Заповедта за љубов кон ближните не ги исклучува ни непријателите; напротив, љубовта кон непријателите е единствената прецизна мерка и критериум за љубовта кон Бог и кон секој човек (види: Матеј 5, 44). Со други зборови, колку го љубиме оној што ни прави зло, толку ги љубиме и Бог и својот ближен – ни помалку, ни повеќе. Да не се лажеме себеси… Оној кој ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства, каде што некого љубиме, а некого мразиме. Затоа и ви велам, целта на демонот е во ближниот да гледаме непријател, да вратиме на злото со зло и да останеме без благодатта на Светиот Дух; а притоа, уште да мислиме и дека сме побожни и дека на Бог Му принесуваме жртва.

naumГосподи Исусе Христе, преку Богородица и свети Климент, помилуј нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...