Обновена црквата во Шлегово

Date:

Share post:

Храмот на „Св.Воведение на Пресвета Богородица“ во кратовското село Шлегово доби нов изглед, откако беа направени низа градежни и санациски зафати.

crkva-slegovoНа црквата стара 155 години ѝ беше направена демонтажа на постоечкиот покрив од камени плочи, а се постави нова покривна конструкција со керамиди и капаци. Камените плочи од стариот покрив беа искористени за изработка на плато околу црквата, со што црквата доби сосема нов изглед.

– Обновата на овој стар храм, возобновен врз темелите на стара црква која била урната во 1869 година за време на Карпошовото востание, се случи благодарение на финансиската поддршка на Локалната самоуправа во Кратово и Кумановско – осоговската епархија. Верниците од Шлегово и околината се благодарни што овој храм доби нов изглед, а истовремено се заштити од евентуални штети при силни врнежи – информираа од црковниот одбор.

Материјалните докази што се среќаваат во црквата потекнуваат од 14 век кога Деспот Оливер изградил 80 цркви во Кратово и неговата околина.

Внатре во самата црква се среќаваат икони од 16 век кои се пренесени од некогашната црква којашто се наоѓа во местото Манастир, не многу далеку од Шлегово. Посебна убавина на храмот му дава камбанаријата, која е специфична по архитектонските карактеристики.

/НОВАМАКЕДОНИЈА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...