Мајко, дојди во својот дом, погледни го овој народ

Date:

Share post:

Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх, на Понтификалната миса за „Света Мајка Тереза“, плоштад „Македонија“

Драг Божји народе,

Колку се прекрасни чекорите на Божјите миленици кои го навестуваат Евангелието! Колку е убаво денес да се биде на ова место на кое на 26 август 1910 година изникна еден цвет во нивата на Божјата црква! Осумнаесет години таа беше наша сограѓанка, а подоцна почесна граѓанка на својот роден град. Во овој град таа прими воспитување од своите родители и од Црквата, всушност ги прими темелите на својата вера и повикот за мисии. Цвет, кој израсна во огромно стебло и чии што плодови денес радосно ги славиме. Дадена ми е милоста денес да ви се обратам до вас, кои се собравте овде заедно да ѝ изразиме почит на онаа која Црквата пред една седмица ја воздигна на олтарот како светица во Католичката црква. Сè уште ми одекнуваат зборовите на прогласувањето за светица и сè уште пред очите го гледам ликот што ја разубавуваше фасадата на базиликата Свети Петар. Но, денес уште повеќе чувствувам како над нас од небесната слава надвиснува нејзиниот благ поглед исполнет со љубов и со благодарност со кои таа го слави Бога во хорот на светците, со љубов и благодарност и за своето родно Скопје.

41Радосен сум и благодарен што ја имам таа привилегија за света да биде прогласена личност која чекорела низ улиците на овој нејзин и наш град Скопје и чии стапки од денес сакаме да ги следиме и ние и тоа во поголема вера и во поголема посветеност во служењето на секој човек, а најмногу на оние, кои меѓу оние кои се во потреба, имаат најголема потреба од тоа. Од Неговата Еминенција што ја предводи оваа Евхаристија до секој верник и човек со добра волја што е тука или што ја следи оваа Евхаристија преку малите екрани и радиоприемници, би сакал сите да почувствуваме како над нас се надвиснала грижната рака на добрата Мајка, која не само ние, туку целиот свет едноставно ја нарекува Мајка Тереза и како што рече Светиот Отец Папа Франциск минатата недела таа и таква ќе ни остане.

40Мајко, дојди во својот дом, погледни го овој народ, погледни го заедништвото на браќата и сестрите на твојот град и на сите гости и биди домаќинка на нас, малите и едноставните, онака како што знаеше целиот живот да им служиш на оние кои имаат најголема потреба, на најсиромашните.

Мајко, испружи ја твојата рака и помилувај го оној меѓу нас кому му е најпотребна твојата утеха. Тоа што најмногу те молам, помогни ни во оваа Евхаристија да го препознаеме Исус така како што ти си го препознавала, во лебот и во браќата и сестрите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...