Дали само формално се нарекуваме и замислуваме дека сме православни верници?

Date:

Share post:

Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  на празникот „Отсекување на чесната глава на Св. Јован Крстител“ Бигорски

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска, св. Јован Крстител и Претеча Господов, нè собра во неговиот свет манастир. Св. Јован севкупниот свој живот го посветил на Бога и на луѓето. Уште од самото раѓање, ќе отиде во пустина, подготвувајќи се за големата задача и мисија што му е зададена од Бога. Неговата задача била да Го наговести Јагнето Божјо, односно, Господа Исуса Христа, како Месија и Спасител на родот човечки.

33Кога ќе излезе на јавна проповед, тој  нестрашливо ќе го повикува, пред сè Еврејскиот народ, а и останатите народи, на покајание. Ќе проповеда бестрашно, изобличувајќи го секој грев и секаква неправда кај тогашните моќници и силници на своето време. Бидејќи живеел строг испоснички живот, Божјата благодат била постојано врз него, давајќи му таква сила што привлекувал внимание кај мноштвото народ, како свет човек и како пратеник Божји. Кога ќе започне да крштева во реката Јордан, кај него ќе доаѓаат, како обичните луѓе, така и книжниците, садукеите и фарисеите, кои се сметале за исполнувачи на Мојсеевиот закон. Но, св. Јован, познавајќи ги нивните срца и души, знаејќи дека се лицемерни и неискрени, ги повикува пред целиот народ: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде? Направете плод достоен за каење“ (Мт. 3, 7 – 8).

42Св. Јован Богослов за Претечата вели дека не е светлина, туку, ја предвестува светлината. Тој ќе Го препознае Господа Христа во огромната толпа народ и ќе Го претстави како Јагне Божјо. Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот. Како што кажавме, со неговата невообичаеност и светост, тој ги привлекувал сите луѓе. Оделе да го видат и да го чујат. Некои се покајувале на неговиот повик, но голем дел останувале со скаменети срца и продолжувале да живеат како и пред тоа. Дури и царот Ирод имал почит и лично имал страв од Претечата Христов. Во многу прилики тој го послушувал неговиот глас и совет, но, во една полупијана состојба, ќе ја исполни желбата на Саломија, ќерка на својата незаконита жена Иродијада. Забавувајќи ги Иродовите гости со нејзиниот танц, царот, при една помраченост на умот, ѝ понудил дека ќе ѝ даде сè што ќе побара. Саломија ќе ја побара главата на св. Јован, кој пред тоа бил притворен заради јавното изобличување на Ирод, поради неговото незаконито живеење со Иродијада, жената на неговиот брат. Поради царската гордост, да не биде посрамен пред гостите за дадениот збор, наредил џелат да му ја отсече главата на св. Јован Крстител. Така овој Божји гласник и Претеча Христов го завршува својот живот. Токму овој настан, нашата света Црква, денес го прославува.

34Драги браќа и сестри, ние се декларираме дека сме православни верници, дека постиме, одиме во црква, се причестуваме и многу други обврски исполнуваме што нашата вера и Црква од нас бара. Но, искрено да се запрашаме, дали ние, честопати, не се однесуваме како фарисеите и како садукеите? Дали само формално се нарекуваме и замислуваме дека сме православни верници, со тоа што некои барања и прописи на нашата света Црква делумно ги исполнуваме. Св. ап. Јаков многу јасно нè поучува дека вера без добри дела е неполезна, односно, тоа е како тело без душа. Верата, пак, не може да се потврди и да се манифестира доколку ние немаме љубов, која сме повикани да ја манифестираме, но не само кон Бога и кон Божјите угодници, туку, и кон нашите блиски, соседи, познаници и кон секој човек. Манифестирајќи ја љубовта Го спознаваме Бога, бидејќи Бог е љубов (1. Јован. 4, 8).

21Денеска, прославувајќи го споменот на отсекување на главата на св. Јован, да се потрудиме со нашите срца и души, помисли и намери, да отсечеме секаков грев, секаква страст и пакост што нè оддалечува од Бога и од нашите блиски. Да се поучиме од силната, непоколеблива и бестрашна вера во правдата на св. Јован, па и ние да бидеме исповедници и проповедници на словото Божјо пропратено со љубов и почит кон Бога, кон св. Јован и кон секој човек, кој го носи образот Божји.

Св. Јован, моли Го Бога за нас. Амин

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...