Канонизацијата на Мајка Тереза е голем настан за Република Македонија и за македонскиот народ. Денеска добивме уште еден светец по потекло од Македонија, што само по себе ја покажува големината на настанот, вели премиерот Емил Димитриев.
– Во овие моменти на условно кажано политичка криза која Македонија ја држи подолг период убава беше приликата да се сетиме на делата на Мајка Тереза и за можноста тие вредности да ги споделиме во овие моменти кога имаме силна политичка битка помеѓу политичките партии дека сепак хуманоста, добродетелта, почитувањето едни со други, вредности што ги промовираше Мајка Тереза, апсолутно би ни помогнале во надминување на оваа политичка криза, бидејќи нејзината помош не беше условена ниту од вера, ниту од боја на кожата, ниту од раса, истакна Димитриев.

