Почетна Верски туризам Манастирот Свети Стефан во Охрид нов капацитет за манастирски туризам
6
8
7
5
4
3
3 A
2
1

Манастирот Свети Стефан во Охрид нов капацитет за манастирски туризам

1.47K
0

Охридскиот манастир Свети Стефан доби нови конаци во кои ќе може да престојуваат туристи. Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј во сослужение со повеќе свештенослужители. Пред изградбата на конаците, обновена е надворешната фасада на пештерната црква, а реновирана е и камбанаријата.

Новоизградените конаци се од отворен тип и бројат 20 апартмани со 57 легла за сместување. Со местоположбата која нуди прекрасен поглед на езерото се развива можноста за манастирскиот туризам кој е доста привлечен за посетителите.

Ова е единствената пештерна црква во Македонија посветена на првиот христијански маченик Архиѓаконот Стефан. Инаку она што е посебно карактеристично е Божјото око насликано пред самиот влез во центарот на сводот на малата купола, според народните верувања тоа има чудотворна моќ па затоа голем број верници од земјава и странство доаѓаат тука.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *