Црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци ќе биде целосно реконструирана. Градежните работи веќе се почнати.
Црквата ќе биде обновува со средства на Повардарската епархија, како и доброволни прилози од верници.
На почетокот од реконструкцијата бил Митрополитот г. Ататенгел, во чија епархија е оваа црква.
Црквата „Св. Димитрија“е изградена 1830 година и со дозвола на султанот, но била градена како и многу цркви како да се наоѓа во дупка. Дозволата за градба била со мал временски рок.
-Се гледа дека е доста стара и веке не е во добра состојба. Иконите , фрескоживописот, иконостасот се остарени неупотребливи и одлучивме да ја обновиме и да ја направиме поубава исто како црквите во нашата држава. Според проектот треба се да се прави и иконостасот и иконите а исто така самиот објект да го прошириме. Карабина црквата ќе биде готова до декември 2016. Потоа ќе следува работа и во внатрешниоит дел со добри мајстори, вели Владиката Агатангел.
ГАЛЕРИЈА:
/ФОТО: Повардарска еп.















