Во текот на реставраторските активности во дворецот на Патријархот, којшто се наоѓа во рамките на манастирот „Успение на Божјата Мајка“ во Хоби, западна Грузија, при расчистувањето на првиот кат била пронајдена винарска визба со 11 квеври (садови вкопани во земјата за чување на вино и масло со различна големина).
Исто така пронајдена е и конструкција која датира од ранохристијанскиот период, под која биле најдени урнатини од античка населба.
Научниците веќе пристапија кон изучувањето на пронајдените артефакти.

