ВЕЉАНОСКИ: Да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата

Date:

Share post:

– Со завршувањето на Рамазанските пости во најсветиот месец за Вас, верниците се насочени кон создавање на добри дела и верба дека тоа е вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик во овие моменти да го зацврстнете семејството и да ги продолжите верувањата и културата на идните генерации, пишува Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во честитката за Рамазан, испратена до на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

trajko veljanoskiОвие празнични моменти, се наведува во честитката, се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест, како и да ја пробудиме хуманоста и солидарноста која е наша вековната традиција.

– Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме успешно да ги унапредуваме меѓусебните односи, да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата во Република Македонија. Тие ни се водилка кон просперитет, сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на нашата држава. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам добро празнично расположение, стои во честитката од Вељаноски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...