Соборот ги повика четворицата поглавари да дојдат на Крит

Date:

Share post:

Поглаварите на десетте помесни православни цркви, кои учествуваат во Светиот и Голем собор, одлучија да испратат повик за заедничко сослужение на Педесетница до четворицата поглавари кои откажаа учество Цркви – Бугарскиот, Антиохискот, Грузискиот и Рускиот, за да се изрази литургиското единство на светото Православие.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј предложил тие да можат да се вклучат и на архиерејското сослужение во Неделата на Сите Светии, (на 26 јуни) доколку не успеат да дојдат за утрешната литургија.

ΜΙΚΡΗ ΣΥΝΑΞΗ ΤΩΝ ΠΡΟΚΑΘΗΜΕΝΩΝНа почетокот на средбата на поглаварите било прочитано и писмото од Рускиот патријарх Кирил, во кое тој тврди дека иако Московската Патријаршија не присуствува во Крит, тој се моли за успехот на “Соборот во Крит”.

Српската црква, како што „Религија.мк“ веќе објави побарала овој собор да се смета за предсборен состанок за да се решат постоечките проблеми, но Вселенскиот патријарх одговорил дека оваа средба на се подготвува веќе 50 години и нема време за нови подготовки.

Small Synaxis of the Primates/ΜΙΚΡΗ ΣΥΝΑΞΗ ΤΩΝ ΠΡΟΚΑΘΗΜΕΝΩΝИнаку на денешниот прв работен дел во Православната академија на островот Крит поглаварите на помесните Православни Цркви, го разгледувале текстот на посланието подготвен минатата недела од специјалната комисија на соборот, а разговарале и за процедурални прашања за одржувањето на Светиот и Голем собор на Православната Црква.

Самиот собор ќе почне со светата Литургија утре во Неделата на Педесетница и ќе трае до следната недела, за празникот Сите светии на 26 јуни.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...