По веста дека Бугарската Патријаршија нема да присуствува на Великиот Собор на Крит, осамна и одлуката на Синодот на СПЦ, со која нејзиното присуство на Соборот беше ставено под сериозен знак прашални, но дали тие беа сериозни во намерата да не присуствуваат на истиот?
Додека траеја подгoтовките за соборот, Руската Црква настапуваше во стил на Православна Велесила, правејќи од преостанатите Словенски Цркви нејзини марионетки. Но сега Србите се на Крит, а Патријархот Кирил остана во Москва. Што се случи во меѓувреме?
Неофицијални извори на „Религија.мк“ тврдат дека Руската Црква веќе ја префрлила првата транша од висока сума пари на СПЦ од неодамнешното ветување дека до крајот на 2017-та целосно ќе го финансира завршувањето на храмот „Свети Сава“ во Белград, што индиректно било и еден вид порака дека СПЦ треба да остане во нејзиниот блок на цркви кои ќе го бојкотираат Соборот. И се тоа беше така до последните два дена пред одржувањето на Соборот. Иринеј Буловиќ испрати и писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј дека СПЦ нема да учествува на Соборот. Медиумите во Русија тоа го пренесоа. РПЦ на својата официјална интернет страница напиша дека СПЦ нема д аучествува на СОборот. Руската црква и во образложението за нејзиното учество напиша дека на Крит нема да оди меѓу другото и затоа што таму нема да бидат покрај Антиохија, Грузија и Бугарија и СПЦ. Но нешто се случи во последен момент. Нешто што СПЦ и покрај тоа, беше приморана да присуствуваат на Крит, и покрај тоа што Русите не се таму.
Приказната што ја објавија Српските медиуми беше дека Јован Вранишковски испратил писмо до Патријархот Иринеј дека Буловиќ со одлуката да не се оди на Крит ќе го разруши единството на СПЦ, но не објавија други детали, што има во тоа писмо, што е тоа што преку ноќ ја натера СПЦ ја смени одлуката. Немаше ниту информации дека Буловиќ на тоа реагирал, туку напротив и тој се најде во делегацијата на СПЦ, а меѓу нив и Вранишковски.
Изборите на „Религија.мк“ ги откриваат деталите од тоа писмо на Вранишковски до Патријархот, а кои Јован ги добил од прогрчките струи во Православието.
Нашите извори велат дека најверојатно патријархот Вартоломеј имал посилно оружје од руските пари, по што СПЦ мораше да оди на соборот, и да го поведе со себе и Јован Вранишковски. Што би се рекло како попчиња се спакуваа и нога пред нога на Крит, иако блефираа дека ќе го напуштеле соборот, ако тој не се одложи. Еве Соборот заврши, а СПЦ се уште е таму.
Изворите на „Религија,мк“ велат дека доколку Србите не заминеа на Крит, Соборот и Вселенската Патријаршија ќе имаа одврзани раце, во неформалниот дел, но сепак да го постават како тема и прашањето за решение на Македонското и Украинското Црковно прашање. Тоа Јован го добил како информација од неговите грчки пријатели и направил узбуна во СПЦ. Не дека прашањето за МПЦ ќе се решело на тој собор, далеку од тоа, но отворањето на темата, особено за Украина, каде Вселенскиот патријарх има силни симпатии кон Киевската Патријаршија, нешто што пак Руската црква не може да го свари, ќе значело серизона опасност за излегување на вистината на виделениа. Особено, што изворите на „Религија.мк“ велат дека МПЦ успеала да ги запознае сите цркви пред Соборот за тоа кој всушност го кочи дијалогот меѓу двете Цркви.
И како што бива топтан и свртеа грб на Руската црква и го поведоа и Јован, мислејќи дека на тој начин пред Православната Екумена ќе покажат дека во Македонија нема црковен проблем.
Но вистината е нешто поинаква, особено од онаа што ПОА и нејзините двајца медиумски пропагатори во Македонија се обидуваат да ја претстават, демек цел православен свет се возбудил од присуството на Јован на Крит, што само за него известувале медиумите, а и Вартоломеј му се „тресел“ и му се „поклонувал“ на неговото мачеништво.
За Вранишковски не само што не објавуваат медиумите ниту збор, туку не го есапат ниту грчките црковни влијателни медиуми. Од Вранишковски нема ниту една фотографија ниту во известувањата на прес центарот на Светиот и голем Собор.
Иако СПЦ му дала да зборува за автономијата, за која Вранишковски ја фалел како да е небеаре највисокото ниво на црковна хиерархија, прес-цернтарот во опфицијалниот соопштение не го ниту споменува Вранишковски дека зборувал на таа сесија, иако бил главен воведничар.
Одењето на СПЦ на Крит и носењето на Јован таму имаше само една цел за Црковен Белград, а тоа е да се претстави дека во Македонија нема црковен проблем и дека црковното прашање овде е решено. Што пак уште еднаш покажа колку СПЦ е несериозна и без волја да се најде вистинско решение на црковниот проблем во Македонија. Колку и да сакаат да ја обвинат МПЦ за несериозност во преговорите, со своите постапки СПЦ покажува колку е подложна на влијанија од надвор и колку е исполнета со страв од вистинско решение на проблемот со МПЦ.
И уште еден мал, но огромно значаен момент кој секојдневно се огледа откако СПЦ ја создаде ПОА. Српскиот патријарх Иринеј во своето прво излагање на Критј, рече “очите на српскиот народ се вперени кон Соборот “, никаде не спомнувајќи ги Македонците или следбениците на ПОА. Сакал Јован да признае или не, но тој, Јован, и ПОА, не се ништо поразлично од СПЦ, односно од Србија. Неговата улога овде е со истата цел Македонците и Македонија да поистовети со Србите и Србија.
Пишува:Марјан Николовски

