Околу девет илјади џамии биле изградени во Турција од 2005 до 2015 година, соопшти турската Дирекција за религиозни прашања.
Од Дирекцијата прецизираа дека вкупниот број на новоизградените џамии е 8.985, пренесува БТА.
Според податоците на Дирекцијата за религиозни прашања најголем е бројот на џамиите е во централниот турски округ Коња – 3.134. На второ место по бројот на џамии е северниот округ Самсун (2.610), следен од округот Кастамону (2.610 џамии).
Меѓу областите со многу џамии се и Анталија, Орду, Трабзон и Дијарбакир (по околу 2.000 храмови).
Најмалку џамии има во источниот округ Тунџели – едвај 92.
/МИА

