Вселенската патријаршија ја стекна сопственоста врз зградата во Атина во која од 2000 година се наоѓа нејзиното претставништво во грчката престолнина.
Претставништвото на Вселенската патријаршија во Атина беше основано во октомври 2000 година и беше сместено во зграда на улицата „Неофитос Дукас“ 9, која тогаш беше великодушно отстапена на користење од страна на Националната банка на Грција.
На 11 март 2026 година беше потпишан договорот со кој сопственоста на зградата официјално премина во рацете на Вселенската патријаршија. Националната банка ја понудила зградата на продажба по поволна цена за Патријаршијата.
Трансакцијата беше реализирана со поддршка на извршниот директор на Националната банка, Павлос Милонас, како и благодарение на ангажманот на митрополитот Лаодикиски Теодорит. Во обезбедувањето на средствата значајна улога имале и повеќе донатори и добротвори, како и фондации.
Ова е првата зграда во Атина што е директно купена од Вселенската патријаршија. Таа во иднина ќе функционира како дел од поширок комплекс заедно со соседната зграда што е доделена од грчкиот фонд за социјално осигурување ЕФКА.
Со оваа акција, според соопштението, е отворена нова страница во присуството и дејноста на Вселенската патријаршија во Грција.

