Во Киев била отворена нова изложба со наслов „Црковен рашизам“, реализирана од Украинскиот институт за национално сеќавање, која ја прикажува улогата на Руската православна црква како инструмент на пропаганда и поддршка на агресијата врз Украина.
Експозицијата документира случаи на соработка на раководството на Руската црква со советските репресивни служби, како и нејзината активна улога за време на војната – оправдување на насилството, ширење омраза и поддршка на окупаторските структури. Посетителите можеле да видат материјали за свештеници кои помагале на окупаторските сили и за проповеди што прераснале во повици за милитаризација.
Претставници на украинските институции истакнале дека современата руска црковна структура одамна ја надминала религиозната рамка и функционира како носител на ксенофобна и империјална идеологија. Според нив, злоупотребата на верата за политички и воени цели има длабоки корени во царското и советското минато.
Организаторите нагласиле дека изложбата има за цел да поттикне критичко размислување за историските корени на „рашизмот“ и за улогата на религијата во легитимирањето на насилството и кршењето на човековите права.


Русија води патриотска војна, Украина измеќарска. И Црквите им се разликуваат на истиот начин: Руската Православна Црква го јакне родољубието на својот народ, а Православната Црква во Украина следејќи фејк идеологија насилно презема храмови, тепа руски свештеници, растура вековни манастири итн. А да не говориме за односот кон моштите на руските Светители на украинска територија. Со фалсификување и омаловажување на вистината не се победува. Вистината се живее, се носи во себе, иако вечно неизменлива се преобразува во нејзината појавност и ги преобразува нејзините носители, вљубениците во неа (и не е само Божествена категорија туку е Бог Самиот) и сите оние што можеле или морале да се соочат со неа (‘Секој што ќе падне тој камен ќе се разбие, и тој врз кого падне ќе го здроби´, според Христовите зборови во Евангелието според Лука 20, 18 и според Матеј 21, 44) станале нејзини сведоци, а не трговци во разбојничка пештера.