Денеска сме едно во Светиот Дух, ние овде собрани, сите наши сонародници каде и да се наоѓаат и секој од нашите современици кои го велича Името Божјо, но најблиски денеска сме со нашите браќа и сестри кои овде, на подрачјето на Средно Подриње и Бурча, муаченички настрадаа пред триесет и две години, порача Српскиот патријарх Порфириј, по парастосот за жртвите на градските и воените гробишта во Братунац.
Веднаш до Партијархот на парастосот, а претхондо и на литургијата присуствуал и Владиката Петар. Со нив заедно сослужувале и владици на СЦП од Босна и од повеќе епархии на СПЦ, меѓу кои и од дијаспората.
-Сеќавајќи се браќа и сестри на настраданите само затоа што биле православни Срби, илјадници и илјадници луѓе пристигнаа во Братунац од сите страни на светод за да заедно со својот Патријарх и татковинските архиереи извикаат кон еднинственуиот Победител на смртта: О Воскреснат Христе, О Царе над царевите, избиши ни ги солзите, прими ги српските жртви каде вечно се живее и се пее!, пипшува во текстот на интернет страницата на СПЦ за овој настан.
На големиот сесрпски настан за српските жртви присуствувале Претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, премиерите на Српска и Србија, Претседател на Собранието и министри од српската влада, како и други српски политичари.