Владата и МПЦ бараат признавање на автокефалноста, а не промена на името на МПЦ

Date:

Share post:

Владата ја потврди информацијата дека Премиерот Зоран Заев испратил писмо до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со кое бара признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, но ги негира шпекулациите објавени во Слободен Печат дека МПЦ-ОА, ќе се откаже од придвката “македонска“ за возврат за признавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА.

-Премиерот Зоран Заев има испратено замолница за решавање на децениското црковно прашање. За други информации надлежен е Синодот на МПЦ-ОА. Во секој случај не сме барале бришење на името „македонска“, велат од Владата за Религија.мк

И портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА,  Владиката Тимотеј, вели дека се класични шпекулации пишувањата во Слободен Печат.

-Ние испративме писмо за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Никој во МПЦ нема да се откаже, ниту барал какво било откажување од уставното име на МПЦ-ОА. Како некоја од грчките цркви нам ќе ни се обраќа е нивна работа, ние сме и Македонска православна црква и Охридска Архиепископија, вели владиката Тимотеј, за Религија.мк.

Слободен печат, во обид да ја сокрие суштината дека Вселенската патријаршија презема одговорност за решавање на црковното прашање во Македонија, објави вест дека МПЦ и Владата барале признавање на МПЦ за автокефална црква под името „Охридска и на јустинијана прима архиепископија“, притоа повикувајќи се на информации од грчкиот портал Ромфеа. За воља на вистината, Ромфеа нема објавен текст во кој  се споменува ова име, туку само  го пренесува соопштението од Вселенската Патријаршија, каде се користи терминопт Охридска Архиепископија.

Користењето на терминот Охридска Архиепископија од Вселенската патријаршија и избегнувањето на терминот МПЦ е сосема логично, бидејќи Вселенската патријаршија е дел од блокот грчки цркви, кои имаат проблем со придавката „Македонска“.

МПЦ-ОА уште во 2007 година одлучи на своето уставно име да ја додаде Охридска Архиепископија, како можност за блокот грчки цркви да и се обраќаат под тоа име.

Инаку, МПЦ е првата и единствена црква која уште во 1958 година, кога СПЦ ја призна нејзината автономност, во својата преамбула стои дека е канонска наследнчка и возбновителка на Охридската Архиепископија. Од тогаш, па се до денес МПЦ се дефинира како Македонската Православна Црква, олицетворена и возбновена во лицето на Охридската Архиепископија. Што во основа значи дека за МПЦ, Охродската Архиепископија е темел на која е поставена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img