Величенствен пречек на бугарските владици во Бигорски – Николај Пловдиски стоеше на владичкиот трон

Date:

Share post:

Двајцата бугарски владици, Пловдискиот митрополит Николај и Старозагорскиот митрополит Кипријан денеска во Бигорски беа пречекани на највисоко ниво.

Монашката обител на Бигорски им укажа највисока почит на архиереите на БПЦ, а Митрополитот Николај за време на пеење на тропарите стоеше на владичкиот трон во црквата во Бирорски.

Митрополитот на БПЦ Николај учествуваше молитвено и во молититвословието и пеењето на тропарите, што иако не е официјално сослужување, сепак е еден голем чекор напред во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Монасите на Бигорски за време на молитвата ги спомнуваа и двајцата владици на БПЦ.

Целиот настан преку својот Фејсбук профил со видео го пренесуваше бугарскиот претседател Румен Радев, кој воедно е и првиот претседател на странска држава кој го посетил Бигорски.

Гостите ги пречка и надлежниот Дебарско-кичевски Митрополит, г Тимотеј.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img