Ватикан обезбедил финансиска и хуманитарна помош за семејства погодени од војната и принудно раселени, со посебен фокус на Украина, соопшти кардинал Конрад Краjевски, одговорен за папската служба за благотворност.
По повод Неделата на Светото семејство од Назарет, на 28 декември, во Украина пристигнале 100.000 пакувања инстант храна наменети како брз и достапен извор на храна и енергија за семејствата кои живеат во тешки услови.
Кардинал Краjевски изјавил дека помошта е симболичен, но конкретен гест на близина кон семејствата кои, слично на Светото семејство од Назарет, „го минуваат болниот пат на егзилот во потрага по засолниште“. Според него, станува збор за поддршка на луѓе кои се соочуваат со страв, несигурност и живот во бегалски услови.
Хуманитарната пратка била доставена во најтешко погодените области од воените дејствија, каде што недостигаат електрична енергија, вода и греење. Камионите со помош, обезбедени со поддршка од корејската компанија Samyang Foods, успешно стигнале до крајните дестинации.
Кардинал Краjевски нагласил дека папата Лав XIV, покрај молитвите за мир, настојува и со конкретни дела да биде присутен меѓу луѓето кои страдаат. Преку папската благотворна служба и дипломатските мисии, уште пред Божик биле испратени финансиски средства и во други земји погодени од кризи.

