Вартоломеј ќе патува во Грузија на погреб на патријархот Илија

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе присуствува на погребот на поглаварот на Православната црква на Грузија Илија II, кој се упокои на 17 март на 93-годишна возраст.

Информацијата ја потврди Министерството за надворешни работи на Грузија за националниот јавен сервис.

Погребот на Илија II ќе се одржи на 22 март (недела) во Сионска катедрала, едно од најзначајните духовни средишта во Грузија.

Смртта на Илија II предизвика силни реакции низ православниот свет. Тој беше една од највлијателните духовни личности во современото православие, познат по својата улога во зачувување на верата во Грузија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img