Устоличен новиот поглавар на автокефалната црква во Украина

Date:

Share post:

Во неделата на 3 февруари 2019 година, во историскиот соборен храм на Премудроста Божја Света Софија во Киев, беше интронизиран новиот поглавар на на новосоздадената автокефална Црква на Украина, митрополитот Киевски и на цела Украина г. Епифаниј.

Интронизацијата беше извршена во присуство на претседателот на Украина, Петро Порошенко и на претставници на Вселенската патријаршија: митрополитот Француски г. Емануил, митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј и игуменот на манастирот Ксенофонт на Света Гора, архимандрит Алексиј.

Присутен беше и егзархот на Вселенската патријаршија во Киев, о. Михаил Анисенко, како и старецот Хризостом од Кутлумушкиот скит „Св. Пантелејмон“ на Света Гора.

Митрополитот Епифаниј беше интронизиран од претставникот на Вселенскиот патријарх, митрополитот Емануил и од митрополитот Макариј, поранешниот претстојател на поранешната т.н. „Автокефална Црква на Украина“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img