Тренчевска: Законот за родова еднаквост е во работна верзија

Date:

Share post:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини.

Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и во фаза на консултација со сите заинтерсирани.

Досега се одржале осум јавни дебати со кои биле опфатени сите региони во државата, а присуствувале голем број  заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Овие јавни дебати, посочи, се со цел, оставање простор за искажани мислења, ставови, сугестии и предлози кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.

Тренчевска имала средба и со стобискиот епископ Јаков, со кого разговарале за деталите околу законот.

-Дијалогот продолжува се до оној момент кога ќе добиеме конечно, усогласено и квалитетно законско решение, кое нема да остава простор за дилеми околу толкувањето, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Остваривме средба и со отец Јаков од Струмичката епархија разговаравме за предлог законот и верувам дека дилемите се расчистени, рече Тренчевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Анализа: Молитвата среде дигиталниот шум – пат кон свесност во време на брдо информации

Современиот човек живее во постојана бура од информации. Тој се буди со нотификации, заспива со светлинатаод екранот, а...

Папата Лав XIV преку видео порака до Конференција во Бразил: Ние сме чувари на созданието, а не конкуренти во неговото искористување

На маргините на конференцијата COP30, којашто се оддржува во Бразил, папата Лав XIV испратил видео порака до бискупите...

Во Софија одржана Национална конференција на наставниците по религија: Потребни системски решенија за предметот во училиштата

Од 14 до 16 ноември, 78. средно училиште „Христо Смирненски“ во Банкја било домаќин на Националната конференција на...

Американски конгресмени бараат истрага: Руски разузнавачки служби можеби користат православни цркви во САД

Група републикански пратеници од Претставничкиот дом на САД упатиле писмо до американската државна обвинителка Пам Бонди со барање...