Апелационот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда за свештеникот Милован Џ. од Ковин (58) и го осуди на пет години затвор затоа што во 2014 година извршил обљуба врз 13 годишно девојче.
Малолетничката В.П. (15) кога била обљубена имала 13 години и пеела во црковниот хор. Неколку месеци пред тоа Милован Џ., ја повикал да му помогне во црквата, а за тоа и ветил дека ќе и плати.
– Бабата и дедото на девојчето приметиле дека чудно се однесува и ја притискале да каже што се случува, а таа ка крајот и се доверила на тетка си на која и кажала дека на 1 јануари свештеникот ја намамил во свечената сала и ја силувал, изјавил за српски Блиц извор близок до истрагата.
– Вториот пат кога се обидел да ја силува бил пијан, па таа успеала да побегне, додава тој.
Таа на сослушувањето била потресна, а на инспекторите им раскажала што блудниот свештеник и рекол по насилничкиот чин.
– И рекол на никого да не каже за силувањето, затоа што и онака никој нема да и верува, а по обљубата и дал благослов, а потоа и рекол дека е многу паметна, завршува изворот.
Од СПЦ изјавиле дека свештеникот ќе биде расчинет доколку обвинувањата се покажат како точни. Гинеколошкиот преглед потврдил дека девојчето ја говорело вистината.

