Основниот граѓански суд Скопје пресуди дека претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров извршил клевета со намера да наштети на честа и угледот на уредникот на Религија.мк, Марјан Николовски.
Пред Граѓанскиот суд во Скопје се водеше судска постапка по тужба од Николовски, поради Фејсбук статус на Петров, во кој тој го обвинуваше уредникот на Религија.мк дека бил платеник за растурање на МПЦ-ОА.
Во првостепената пресуда, тужбата на Николовски, беше усвоена во делот на стореното дело клевета, а во делот на барањето за надомес на штета, судот пресуди тужениот Тодор Петров да исплати оштета од 30.000 денари, а тужителот Николовски побаруваше 150.000 денари.
Дополнително, судот го задолжи Петров јавно да се извини во текст, кој треба да биде објавен во дневниот весник Нова Макдонија.
Тодор Петров, на својот Фејсбук профил, на 10.06.2024 година напиша коментар со навреди и клевети за Марјан Николовски, во кои го обвувува дека земал пари за да ја растура МПЦ-ОА и дека текстови пишува по нарачка на Вартоломеј и Партениј. Во текстот Петров пиува: За крај поракат од обичните верници до Марјан Николовски: „Не играј си… трчаш по гуштер, ама змија ќе фатиш… Не само што нема да можеш да ги вратиш парите што ти се дадени за растурање на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, туку нема да можеш ни гревовите да си ги отплатиш со твоите злонамери!“. „Голем е Господ, а Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ќе ги преживее и искушенијата со игуменот Партениј и неговите ментори и пулени. Народот вели: Тој што сади тикви со ѓаволот, туквите на глава ѓе му никнат!“.
Николовски, по консултации со ЗНМ и преку адвокатот на ЗНМ, побара извинување од Тодор Петров, кој одби да се извини за коментарот, по што следуваше тужбата за клевета. На суд Петров тврдеше дека не извршил клевета, дека зборовите пулен означувале следбеник и дека напишаното во неговиот коментар, биле пренесени изјави на обични верници.
Николовски, и Религија.мк, се одлучија нa оваа судска постапка, поради сериозните закани по социјалните мрежи кои се појавија, но пред се поради потребата да се зачува честа и угледот.
Религија.мк, останува слободен простор и за критика, но оваа првостепена судска пресуда е особено важна за правото на слобдно и критичко новинарство. Истовремено е и охрабрување за можни нови постапки против сите кои ќе се дрзнат на ваков начин да вршат дискредитација и неоснована клевета.

