Спорната одлука за забрана на верски обележја повторно на разгледување

Date:

Share post:

Високиот судски и обвинтелски совет на Босна и Херцеговина, утре и задутре повторно ќе ја разгледува спорната одлука за забрана за  носење верски обележја на вработените во државните институции.

Одлуката за забрана е усвоена во октомври минатата година, по што реагираа бројни институции и невладини организации, оценувајќи ја како дискриминирачка.

На минатата седница Високиот совет  го разгледувал и дописот од Исламската верска заедница која ја осуди одлуката, потенцирајќи дека со тоа најмногу се загрозуваат правата на муслиманките кои носат „хиџаб“.

Во меѓувреме беа организирани и протести во неколку градови, а најмасовен со повеќе од 2000 учесници се одржа во Сараево.

И одборот за меѓурелигиска соработка ја осуди одлуката на високиот совет, потенцирајќи дека станува збор за кршење на основните човекови права.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img