Американската епархија на Српската православна црква основала фонд за обнова на катедралната црква „Свети Сава“ во Њујорк, која до темел изгоре на Велигден.
Со тоа се повикуваат сите свештеници и парохиските заедници да преземат чекори за реализација на оваа иницијатива.
Епископот Митрофан надлежен за источно-американската епархија вели дека српските браќа и сестри изгубиле духовен дом, центар на својот религиозен и национален живот.
– Поради ова, а пред се заради христијанската љубов и милосрдие сите сме повикани да си помагаме едни со други. Затоа ви се обраќаме на Вас, на православниот српски народ, не само во нашата земја, туку и надвор од неа, како и на сите православни браќа и сестри и на сите луѓе со добра волја да помогнат да го воскреснеме њујоршкиот катедрален храм, потенцирал српскиот епископ Митрофан.

