Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара ја посети Маријамитската катедрала во Стар Дамаск, каде што се сретна со патријархот Јован X Антиохиски во Патријаршиската резиденција.
За време на состанокот, претседателот ал-Шара бил информиран за состојбата и благосостојбата на христијанската заедница во Сирија.
– Дискусијата ја одрази заедничката посветеност на зајакнување на националните вредности и јакнење на единството меѓу сите граѓани.Посетата го истакна трајниот дух на соживот и меѓусебно почитување што го карактеризира сириското општество, потврдувајќи ја важноста на солидарноста меѓу сите религиозни и социјални компоненти на нацијата, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

