Се зголемува бројот на свештеници што користат вештачка интелигенција за подготовка на проповед — скоро две третини веќе ја користат оваа алатка за таа намена

Date:

Share post:

Според најновото истражување од 2025 година, повеќе од 60% од пасторите кои редовно подготвуваат проповеди,денес користат алатки засновани на вештачка интелигенција (AI), како што се ChatGPT и Grammarly, за да ги состават своите верски обраќања, што претставува значително зголемување во однос на 2024 година. 

Истражувањето, објавено во рамките на извештајот „Состојбата со AI во Црквата во 2025“, покажува дека 61 отсто од пасторите користат AI секојдневно или неделно, а 25 отсто од нив дека тоа го прават секој ден. 

Главните причини за прифаќањето на AI во подготовката на проповеди се практичноста и ефикасноста, односногенерирањето на идеи, помошта при истражување, формирањето на наратив, проверката на содржини и уредувањето на текстот. 

Сепак, студијата забележува дека многу црковни водачи се загрижени поради етичките и духовните импликации од ваквата употреба. Најчести се стравувањата поврзани со точноста на содржината, ризикот од губење на човечкиот и на духовниот елемент во проповедта и нарушувањето на автентичноста на пастирското служење. 

Некои верски заедници веќе реагираат. На пример, комисијата за етика на една голема протестантска заедница ги предупредила свештениците дека AI може да послужи како „помошно средство“, но никогаш како замена за духовното расудување, молитвата и пастирската грижа — традиционалниот процес на подготовка на проповед мора да остане под апсолутна човечка надлежност. 

Овој растечки тренд со употребата на технологии како ChatGPT во Црквата отвора нови прашања: колку е допустливо да се користи AI во духовното служење, дали машински генерираната содржина може да ги замени личната молитва и подготовката, и какво влијание тоа може да има врз автентичноста на верата и заедницата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img