Руската патријаршија носи конечна одлука. Почна вонредниот Синод

Date:

Share post:

Синодот на Руската православна црква, во полн состав во кој учествуваат митрополитите од сите држави врз кои РПЦ има јуриздикција, вклучувајќи го и шефот на риската црковна дипломатија, Иларион Алфеев ја почна вонредната синодска седница од која ќе зависи дали и Руската православна црква ќе одлучи нејзина делегација да не патува на Крит за учество на Големиот Собор на Православната црква.

Sinod RPC 4Седницата на рускиот синод се одржува во „свети Данаиловиот“ манастир, резиденцијален објект на Московската патријаршија.

Поглаварот на Руската православна црква, Патријархот Кирил пред почетокот на седницата, на членовите на Синодот им ја посочил важноста на одлуките кои ќе треба да ги донесат ан ова вонредно заседание.

-Ви благодариме уште еднаш за ова итно собирање за да дискутираме за многу тешки прашања поврзани со она што се случува денес околу свикување на Сеправославниот Собор. Голем број на цркви одбиваат да одат на Соборот. Постои голема критика на документите. Како што знаете, ние исто така предложивме соодветен механизам со кој овие измени би можеле да бидат инкорпорирани во текстотовите. Овој механизам ќе помогне за решавање на други проблеми кои се појавија пред црквата и направија да биде невозможно поради нив да се учествува на Соборот. Нашиот предлог беше одбиен и поради новонастанатите состојби  оценив дека е неопходно да ве поканам да се направи конечна одлука за позицијата на Руската Православна Црква за Сеправославниот Собор , изјавил патријархот Кирил, пред почетокот на вонредната седница на Синодот на РПЦ-МП

Инаку, вчера за време на неделната проповед, во Московскиот храм „На сите тажни радост“, Митрополитот Волоколамски  Иларион Алфеев за прв пат јавно ја искажа идејата за одложување на Сеправославниот Собор, како опција на РПЦ-МП, бидејќи „за некои прашања нема едномислие и еднодушност меѓу Црквите“.

Sinod RPC 6-Еве сега и на нас ни претстои да решиме дали ќе учествуваме или не на Соборот. Тоа е многу одговорна одлука, од која во многу ќе зависат понатамошната иднина на Православната црква, дали ќе живееме во мир и едномислие со другите помесни Цркви, или ќе живееме во конфликти, спорови и караници. Ако имаме чувство дека подготовката се уште не е завршена, бидејќи некои прашања се уште не се разјаснето, тогаш подобро е да го одложиме тој Собор, отколку да го одржиме избрзано и особено без учество на неколку помесни цркви. Соборот не може да биде сеправославен, ако во него не учествува една или друга помесна црква, а уште повеќе ако не учествуваат три помесни православни цркви, изјавил шефот на руската црковна дипломатија, Иларион Алфеев.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img