Руската патријаршија го повлече членот од организациониот одбор за Соборот на Крит

Date:

Share post:

Шефот на административниот секретаријат на Московската Патријаршија, епископот Солнечногорски Сергиј, којшто се наоѓа на Крит и учествуваше во подготовките на Сеправославниот Собор, е повикан да се врати во Москва, соопшти „Риа Новости“, повикувајќи се на извори од Московската Патријаршија.

Ruska Crkva 4Причината е што Константинополската Православна Црква има намера да го одржи Сеправославниот Собор од 16 до 26 јуни на Крит и покрај тоа што неговото одржување е доведено во прашање.

Минатата недела Свештениот Синод на Бугарската Православна Црква го откажа учеството на Соборот. Исто такво решение донесе и Антиохиската Патријаршија.

Српската Православна Црква во четвртокот излезе со обраќање до Константинополската Патријаршија, во кое повика кон одложување на Соборот и свикување на меѓуправославна средба на која би се решиле спорните точки. Грузиската Православна Црква исто така го откажа своето учество на Сеправославниот Собор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img