Светиот синод на Руската православна црква донесе одлука за основање руска православна парохија во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Членовите на Синодот го разгледале извештајот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, во кој било наведено дека рускојазични православни верници кои живеат во Абу Даби побарале од црковното раководство да се основа парохија во градот.
Во писмо испратено на 17 јануари 2026 година до патријархот Кирил, патријархот Антиохиски Јован дал согласност за основање руска православна парохија во Абу Даби во рамки на јурисдикцијата на Антиохиската патријаршија, како и за изградба на храм.
Имајќи ја предвид оваа согласност, Светиот синод одлучил новата парохија да биде посветена на Казанската икона на Пресвета Богородица.
Со одлука на Синодот, пастирската грижа за новооснованата парохија му е доверена на архимандритот Александар (Заркешев), настојател на храмот на светиот апостол Филип во Шарџа.

