Руската црква: Веруваме дека Вартоломеј ќе остане доследен и нема да се меша во Украина

Date:

Share post:

Руската православна црква се надева дека Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе биде доследен на своите постапки и ставови и нема да се меша во црковното прашање во Украина. Ова го изјавил секретарот на руската црковна дипломатија, Николај Балашов, потенцирајќи дека Вартоломеј нема да го прифати барањето на украинскиот претседател Петро Порошенко за автокефалност во Украина.

vartolomej fanarЗа Руската црква единствена црковна организација во Украина е УПЦ – Московска Патријаршија.

-Уверен сум дека Патријархот Вартоломеј ќе го држи ставот искажан пред поглаварите на помесните православни цркви во Јануари во Женева во однос со Украина, изјавил Балашов, потсетувајќи го Вартоломеј дека тогаш изјавил оти во Украина единствен канонски поглавар е Митрополитот на УПЦ-МП, Онуфриј.

Балашов потенцира и дека за време на средбата меѓу Вартоломеј и Кирил тој го уверил Рускиот Патријарх дека Истанбул нема план за каква било интервенција во врска со црковното прашање во Украина.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img