Романски свештеник во Токио: „Православието во Јапонија е духовна болница“

Date:

Share post:

Свештеникот Даниел Кориу, кој 12 години служи при заедницата на Романската православна црква во Токио, зборувал за предизвиците на својата мисија во интервју за списанието Formula AS.

Кориу е единствениот постојан ромски православен свештеник во Јапонија, каде што неговата парохија опслужува околу 200 семејства, пред сè романско-јапонски. Заедницата се собира во поранешна католичка црква, купена во 2017 година и осветена во 2020-та со поддршка од Романската патријаршија и државниот Секретаријат за верски прашања. Литургиите се служат на романски, англиски и јапонски јазик, а на богослужбите помага ѓакон Јапонец, допуштен од автономната Јапонска православна црква.

Покрај службите во главната црква, Кориу истакнал дека заедницата добила поддршка и за изградба на мала дрвена капела на православното гробиште во Јаманаши, з ашто, како што рекол, „каде што Бог сака, дури и будистички свештеници помагаат да се гради православна црква“.

Но, мисијата во Јапонија не е лесна. Кориу предупредил дека православието се соочува со силно секуларизираното општество, каде религијата е обично маргинална тема — многумина Јапонци ја доживуваат духовноста како нешто далечно, а материјализмот е доминантен.

За романските семејства во мешани бракови, задржувањето на верската и националната традиција е вистински подвиг. Според свештеникот, „треба да направиме три до четири пати поголем напор отколку во Романија, за да живееме христијански“. Во тие услови, црквата се претвора во вистинска „духовна болница“.

Кориу упатил повик до своите сонародници: да се молат и за Романците во Јапонија, „да не ги заборавиме, за да го одржиме нивниот духовен живот и врската со Црквата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img