Рускиот патријарх Кирил и Претседателот на Русија Владимир Путин на 28 мај најверојатно ќе се сретнат на Света Гора и заеднички ќе учествуваат во свеченостите посветени за 1000 години “руско присуство” на Света Гора. Планирано е во прославата да учествуваат и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас.
Посетата на претседателот на Русија, Путин на Света Гора се уште не e конечно потврдена . Иако таа се планира уште од пролетта, но нема 100-процентна сигурност дека ќе се случи. Една од причините за недостатокот на информации се и мерките за безбедност, кои морале да се преземат заради посетата на високите руски гости.
Според грчките медиуми, посетата на рускиот претседател и Московскиот патријарх на Атон предизвикала незадоволството кај некои претставници на Вселенска Патријаршија и на Грчката Црква. Според нив, откако Света Гора добива независност во 1913 година и станува автономна монашка држава, во неа не може да има никакви национални “присуства”.
Некои црковни аналитичари пак, сметаат дека организацијата на свеченостите по повод 1000-годишнината на руското монаштво на Атон и посетата на патријархот, заедно со Путин може да се толкува како уште потег во црковно-државната политика на Русија кој има за цел нејзина демонстрација во пресрет на Сеправославниот собор од позиција на моќ, древност и широки територијален опсег на Руската православна црква.

