Промовирана книгата на Скопскиот бискуп Стојанов

Date:

Share post:

Во присуство на голем број лица од верските заедници и јавни личности од општествениот и политичкиот живот во Македонија, на 17 февруари 2016 година во „Спомен куќата на Мајка Тереза“ во Скопје, беше промовирана книгата „Црквата во служба на човекот“ од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов.

Заедно со бискупот Стојанов на промоцијата беа присутни и Архепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и директорката на Комисијата за односи со верските заедници во Р. Македонија Валентина Божиновска.

Првиот дел на книгата се состои од пастирски писма по повод Годината на семејството. Вториот дел на книгата ги содржи пастирските писма упатени до Богопосветените лица по повод четирите средби одржани во оваа Година.  Третиот дел од промоцијата на книгата беше за текстови со насоки за свештениците, монаштвото и вероучителите, напишани со јасен и концизен стил.

На промоцијата  зборуваш и авторот на книгата бискупот Стојанов.  Тој изрази благодарност на организаторите за организирањето на оваа промоција, велејќи дека е многу инспириран од обраќањето на папата Фрањо до семејствата во Мексико. Во тој говор папата Фрањо истакнува дека Божјото име е љубов. „Повод за книгата беше вонредната епископска Синода за семејството и Година на посветениот живот. Оваа книга е резултат на двегодишните пасторални активности, реализирани заедно со соработниците, браќата свештеници, чесни сестри и сите верници.“ Своето обраќање бискупот го заврши со зборовите: „Сите ние сме едно големо духовно семејство, едни со други можеме да одиме напред, да бидеме за добро на Црквата и на општеството“, пишува интернт порталот „католици.мк“

Во недела 21 февруари со почеток во 18.00 часот промоција на оваа книга ќе се одржи и во Струмица во салата на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...