Мислат оти главно е да се дејствува со меч.
/Митрополит Кумановско-осоговски Григориј (Фејсбук статус)
„Мислам оти е неточно кога се зборува за праведни и неправедни војни. Поимот „света“ војна е богохулен.
Украсувањето на она што е израз на светското зло со „свети“ својства — е сатанска соблазна.
Мислат оти главно е да се дејствува со меч. Митот за праведна војна е поврзан со другите митови за избрана раса, за величието на земното царство и така натаму. Овој мит има демонска волја за моќ и стремеж за господарење, за успех, за слава, за наследување од животот. Овој мит не дозволува човекот да излезе од порочниот круг на омразата и одмаздата. Христос објави оти треба да имаме љубов спрема непријателот.
„Избави го [ги], Боже, [кнезовите на] Израилот од сите [агресивни] неволји негови.“

