Почина Грузискиот патријарх Илија, соопштија медиумите во Грузија

Date:

Share post:

Патријархот Илија II од цела Грузија почина на 93-годишна возраст во клиника во Тбилиси, изјавил за новинарите претставник на Патријаршијата, пренесе РИА Новости.

„Пред неколку минути почина католикос-патријархот Илија Втори“, стои во изјавата.

Утрото на 17 март, Грузиската патријаршија објави дека 93-годишниот Илија II е хоспитализиран поради ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Лекар во клиниката известил дека патријархот бил примен со крварење во желудникот и дека е ставен на вентилатор.

Официјално Грузиската патријашија се уште нема објавено официјално соопштение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img