По жалба од девојче кое било учено да се моли пред оброците, Врховниот суд на Велика Британија пресудил дека начинот на кој се учи религијата во училиштата во Северна Ирска е „нелегален“.

Date:

Share post:

Врховниот суд на Велика Британија донел пресуда дека задолжителното христијанско религиско образование и колективното богослужение во државните основни училишта во Северна Ирска не се усогласени со човечките права и ја прогласил оваа пракса за незаконска.

Судиите едногласно оцениле дека учебната програма, која ја подготвува Министерството за образование заедно со главните христијански цркви, не ја исполнува законската обврска да обезбеди наставата да биде „објективна, критичка и плуралистичка“. Според судот, сегашниот пристап претставува „интердоктринација“, односно обид за насочување кон одредена вера.  Според пресудата, дури и можноста за родители да го повлечат своето дете од религиска настава или богослужение не претставува доволна заштита, бидејќи тоа може да го изложи ученикoт на стигматизација и да создаде „непотребен товар“ за родителите.

Судот нагласил дека одлуката не значи отфрлање на религијата од образованието, но таа мора да се изведува на начин што ќе ги почитува правата на сите ученици, без присилување или прогласување на христијанството како единствена вистина.

Некои политичари и верски лидери изразиле разочараност, истакнувајќи дека христијанските вредности историски биле составен дел од воспитниот систем во Северна Ирска. Од друга страна, застапниците на слобода на верата и правата на малцинства ја поздравиле пресудата, гледајќи ја како чекор кон поголема праведност, еднаквост и училишен систем кој ги почитува различностите.

Врховниот суд издал рок на Министерството за образование да ги прилагоди наставните програми, што значи дека во следните месеци училишните програми со религиозно образование во Северна Ирска ќе бидат предмет на темелна ревизија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img