ПАТРИЈАРХ КИРИЛ: За прв пат во историјата, законите во Западна Европа се во спротивност на моралната природа на човекот

Date:

Share post:

За прв пат во историјата, законите на Запад се во спротивност со моралната природа на човекот. Ова го изјавил Московскиот и на Цела Русија, Патријарх Кирил во интервју за Телевизијата „Russia Today“, посочувајќи дека во минатото правните термини на законите ја опишувале човечката моралност, а денес го оправдуваат неморалот.

patrijarh-kirilРускиот патријарх законите во Европа ги споредил со законите на апархејдот во Јужна Африка и со законите на Фашистичките држави.

-И во еден и во друг случај, законите беа во судир со моралната природа, но благодарение на напорите на многумина, тие закони на крај беа укинати, посочил Кирил во интервјуто.

Тој искажал загриженост околу законите за семејството со кои се легализираат истополовите бракови, посочувајќи дека тоа во никој случај не смее да се дозволи.

-Јас навистина се надевам дека таквите тенденции ќе исчезнат и дека здравиот начин на живот ќе надвладее, изјавил Поглаварот на Руската православна црква за РТ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img