Девет илјади денари одзеле засега непознати сторители од дрвена кутија поставена на ѕидот пред влезот на Шарената џамија во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Случајот вчера во полиција го пријавил претседателот на Одборот на Шарената Џамија М.М.(49) од Тетово. Според неговиот исказ, во полицијата непознатите сторители кражбата ја извеле вчера во 3 часот и 45 минути така што насилно ја отвориле дрвената кутија и од неа одзеле парите што како прилози ги оставиле верниците, а потоа незабележани од никого се оддалечиле.
– Полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на случајот и откривање на сторителите и веќе се располага со првични сознанија за идентитетот на вклучените во оваа кражба, рече Јосифовски
/МИА

