Обраќање на Грчкиот Архиепископ за улогата на христијанството во Европа

Date:

Share post:

По одлуката на Синод на Грчката црква, Претставништвото на истата во Брисел, во соработка со Националниотуниверзитет во Атина, била организирана конференција во Атинската трговско-индустриска комора на тема „Улогата на христијанството во променлива Европа“.

Во своето обраќање, Архиепископот Јероним ја оценил темата на конференцијата како клучна за европската иднина и нагласил дека Европа денес бара цврсти точки за ориентација во услови на забрзани промени. Тој посочил дека христијанството не нуди готови политички решенија, туку подлабока, човекoцентрична основа на правдата, солидарноста, слободата и достоинството – вредности кои ја обликувале Европа низ историјата. Архиепископот истакнал дека мирот не е резултат на рамнотежа на силите, туку плод на воспитувањето на совеста, што подразбира образование, дијалог, духовност и цврста посветеност на неприкосновеноста на секоја човечка личност.

На крајот од своето излагање, Архиепископот Јероним нагласил дека во Европа, која често ја толкува реалноста низ секуларна и технократска призма, Православната црква потсетува, тивко, но одлучно, дека вистинската мера на човекот и општеството не се наоѓа во самодоволноста на моќта, туку во личноста на Христос, во кого се открива вистината за човекот и полнотата на животот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img