По изјавата на Виенскиот Кардинал, сега и “Дејли Експрес” тврди дека индиски католички свештеник кој беше киднапиран од страна на исламски екстремисти бил распнат на Велики Петок. За веста сепак нека официјална потврда иако се погласно се тврди дека терористите го распнале свештеникот на Велики Петок откако претходно се заканиле дека ќе го сторат истото на почетокот на минатата недела.
Иако неколку религиозни групи добиле закани дека свештеникот ќе биде распнат, овие информации се демантирани од страна на неговата црква во ндија.
Владата во Индија вели дека „ги вложува сите напори“ за ослободување на свештеникот. Министерот за надворешни работи Сушма Свараџ вчера потврди дека владата се обидува да го спаси свештеникот.
-Отец Том Узхуналил, индиски државјанин од Керала беше киднапиран од терористичка група во Јемен. Ги правиме сите напори за да го ослободиме, рече тој.
Отец Том беше киднапиран од исламистички напаѓачи што наводно се поврзани со ИД, кои претходно нападнале дом за стари лица и убиле најмалку 15 луѓе, меѓу нив и четири монахињи од редот на сестринството на Мајка Тереза.

