Нема поделба на Митрополијата Црногорско-приморска

Date:

Share post:

Црногорско-приморската епархија на СПЦ тврди дека не постојат никакви основи за поделба на епархијата, оценувајќи ги медиумските написи во Црна Гора за поделба и одземањето на оние делови врз кои е основана од Свети Сава, првиот српски архиепископ. Одлуката била едногласно донесена дека за тоа не постојат никакви пастирски причини.

Тие оценија дека таквите предлози би биле целосно неосновани и штетни за мисијата на Црквата во Црна Гора, како и дека би претставувале своевиден удар врз историјата на Митрополијата и одвојување од корените од кои настанала.

– Со жалење беше констатирано дека медиумската и секаква друга кампања против Српската православна црква, за жал, и понатаму има голем простор во црногорската јавност. Грубите невистини за наводно несоодветно влијание на нашата Црква врз државните одлуки и врз политичките поставувања не престануваат да се шират од страна на одредени групи и поединци. Сепак, тоа нема да ја спречи Црквата слободно и без страв да ја проповеда Божјата реч. Во исто време ќе продолжи да ги бара правата и слободите што треба да ги има во современа демократија, и тоа без оспорување од страна на оние кои на Црквата и верата и понатаму гледаат со очи на агресивен атеизам и систематско оттурнување на Црквата на маргините на општеството – се наведува во соопштението на МЦП.

Тврдат и дека „единството меѓу свештенството, кое беше покажано во кризите години на директни напади врз Црквата, не е нарушено“.

– Недозволиво е клеветничкото пребројување на свештенството и монаштвото на Митрополијата на подобни и неподобни, а особено ставањето на вага на нивната верност кон единството на Црквата, што, за жал, не е редок случај во последните години. Таквите обиди за разслојување и сеење поделби се провидни и немаат резултати. Непримерно е и навредливо да се вперува прст кон оние кои страдаа за единството на Српската православна црква и покажаа подготвеност за жртва и под најтешки притисоци. Предводени од своите архипастири, свештенството и монаштвото, со голема поддршка од верниот народ, активно работеа за да се спречи политичките и идеолошките интереси да управуваат со процесите во Црквата – било да се обидувале да ги менуваат границите на црковната јурисдикција, да кадровираат во Црквата или да нè учат на некое ново евангелие – заклучуваат од МЦП.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img