Архимандритот Гаврил и новиот свештеник на црквата Света Петка, Владо Недески ја претставувале Македонската Православна црква – ОА, на интронизацијата на новиот митрополит во Австралија од Антиохиската Патријаршија.
Архимандритот Гаврил од името на МПЦ – ОА, на новиот антиохиски Митрополит г. Василиос му подарил свети мошти од свети Василиј Велики донесени од Македонија.
По интронизирањето, македонската делегација имала средба и со Антиохискиот патријарх Јован X, кој е во посета на Австралија и кој го извршил чинот на усоличување на новиот митрополит.
-Архимандритот Гаврил од свое име, од име на делегацијата, како и од името на сите верни чеда на МПЦ-ОА на нововостоличениот Митрополит г. Василиос му го честита од Бога даденото Митрополитско достоинство. На Митрополитот г. Василиос уште еднаш му посакуваме многу успеси на нивата Господова и успешна соработка со МПЦ-ОА, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.
Митрополит г. Василиос е избран за наследник на починатиот Митрополит Павле (Салиба), на тронот на Австралиско-новозеландско-филипинската епархија на Антиохиската Патријаршија. На интронизацијата присутвуваа преставници од Помесните православни цркви, кои битисуваат на Австралиско тло.


Занимливо… Со години Светите мошти кои на разни места ги има Македонската Православна Црква не се изнесуваа на празници за поклонение дури ни по манастирите меѓу монасите и поклониците (барем на поголемите празници), ама кога дошло време за подароци биле подарени на архиереј од една древна помесна Православна Црква, Која сигурно има богата ризница од Свети мошти. Антиохиските православни архиереи уште одамна со срдечна љубов ги примаа македонските архиереи во годините кога Епископите на МПЦ-ОА доживуваа своевидна изолација (која лично никогаш не сум ја почувствувала и ми била безначајна заради длабочините на благодатниот живот кој И’ беше даруван на нашата Света Црква отсекогаш, особено по возобновувањето на монаштвото) и веројатно тие врски се негуваат во истиот дух и денес. Но еден таков елитизам (или претпазливост?) на непристапност на моштите на Светиите дури и за дел од монасите, а камоли за верниот народ (а се во рацете на Епископите) само Господ Кој не’ љуби не гледајќи на лице туку на срцата човечки го надминува во животот на сите што изградиле синовски однос со Него (благодатта секогаш ќе си најде пат според стремежот на нашите срца и сообарзно на подвигот со кој ревнуваме за Славата Госпдова). Моштите сами по себе се непроценливо богатство за една Црква, верувам и знам дека и МПЦ-ОА понекогаш добива такви подароци од други Цркви. Само, да се прегрне народот со една посебна благодат на личниот непосреден допир на Црквата во Торжество е честопати чудотворна можност за духовно преуспевање. Кај некои од нас предизвикало голем пресврт. Се надевам ќе доживееме подобра иднина во таа смисла (да стане грижата за Стадото Христово кај нас позначајна од грижата други пастири од други Помесни Цркви да ја препознаваат таа грижа).