Младинските македонски европски шампиони на гости кај Архиепископот

Date:

Share post:

Архиепскопот Стефан приреди прием за младите македонски европски шампиопни. Членовите на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, новокрунисани шампиони на штотуку одржаното Европско кошаркарско првенство – Б дивизија, беа на средба со поглаварот на МПЦ-ОА.

На средбата освен кошаркарите и стручниот штаб, предводен од селекторот Горан Андреевски, присуствуваа и претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Македонија г. Перо Антиќ и неговите најблиски соработници.

Сергеј Младеновски, Никола Јаничиќ, Сергеј Петровиќ, Ристе Букршлиев, Дарјан Димовски, Атанасиј Трајанов, Лука Марјановиќ, Коста Ќириловски, Бојан Димитриев, Давид Петрушевски, Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ се имињата на дванаесетте кошаркари кои вчера, 4 август, ги освоија златните медали на Европското првенство за кошаркари до 18 години од „Б“ дивизијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img