Таканаречената „Руска црква“ во Софија е сопственост на БПЦ и спаѓа во нејзина јуриздикција. Затоа затворањето на храмот од „надворешни лица“ е недозволиво, изјавил Русенскиот митрополит на БПЦ, г. Наум за црквата во Софија, која беше затворена од страна на руската амбасада, откако Бугарија го протера архимандритот Васијан Змеев, кој служеше во оваа црква.
Тој и порача на Софиската митрополија веднаш да определи свештеници кои ќе служат во оваа црква и таа да биде отворена за верниците.
Русенскиот митрополит г. Наум ја објавува и историјата на оваа црква како аргумент дека е сопственост на БПЦ, не на Руската црква.
Црквата Свети Николај Мириликиски во Софија е изградена со благослов на БПЦ во 1914 година како легионрна цеква и се наоѓала во заедничкиот двор на тогашната Руска легија. Осветена е на 11 неомври 1914 година од Доростолскиот Митрополит Василиј, а во богослужбата не учествувале руски архиереи, поради шизмата во која се наоѓала БПЦ. По 1917 година во црквата се одржувале богослужби за потребата на руската емиграција во Софија, а од 1936 година по бартање на советската влада црквата се одзема од руските емигранти и се предава на бугарската влада, која пак ја предава на БПЦ под омофорот на Софиската митрополија.
Во 1944 година црквата е оштетена, а во 1945-1946 реставрирана од Софиската митрополија и следните години служеле различни бугарски свештеници, а заедно со нив служеле и руски духовници.
Согласно решението на Светиот Синод на РПЦ од 10 ноември 1952 година, сите други руски православни енории, манастири, клир во Бугарија преминуваат во јуриздикција и владение на БПЦ. Со решение на РПЦ во ноември 1953 година во поранешната легиона црква Свети Николај во Софија е отворено подворие, но во него продолжуваат да бидат назначувани функционери од Софиската митрополија, а Руската црква испраќа периодично свој официјален претставник.
Во последните години бугарските свештеници, поради нејзасни причини беа отстранувани од таа црква, што е апсурдно, напиша Митрополитот Наум за историјата на оваа црква.

