Митрополитот Игнатиј од Грчката православна црква влегол на кошаркаски терен во спортска сала и заиграл баскет. На тој начин и лично ја поддржал хуманитарната акција која преку одржување на кошаркарски натревари собирала средства за храна на бездомници.
Митрополитот имал успешен 50% резултат. Од две слободни фрлања погодил едно.
Неговото влегување на теренот предизвикало овации и аплаузи од публиката.
Погледнете како изгледа Владика во мантија кога ќе фати баскет од видеото кое го објави „Ромфеа“

