Маж и жена се обиделе да ограбат црква во Радовиш, па го нападнале клисарот

Date:

Share post:

Како што информираат од МВР, вчера во 13.30 часот во Радовиш, биле приведени С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.

Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.

Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани, информираа од полицијата.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

/Слобиден печат

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img