Македонскиот монах во Русија сведочи за возобновувањето на големиот Валаамски манастир

Date:

Share post:

Македонскиот монах во Валамскиот манастир, Отец Методиј е еден од главните сведоци во најновиот документарец за возобнувањето на манастирот, по падот на комунизмот во Русија.

Отец Методиј зборува за деновите кога заедно со Епископот Троицкиј Панкратиј ги почнале чекорите за враќање на духовноста на ова големо светилиште во Русија.

Во документарниот филм е прикажан животот на манастирот низ историјата и денес, како и огромните духовни заслуги кои манастирот ги има пред целиот свет.

Низ овој филм имате можност поблиску да се запознаете со отец Методиј, монах од Македонија, кој заедно со Владиката Панкратиј, е еден од возобновувачите на монашкиот живот на Валаам.

Документарецот го објави Преспанско-пелагониската епархија, со голема благодарност до  Михаил Шишков, прес-секретар на Епископот Панкратиј, кој овозможил овој филм да биде достапен со превод на македонски јазик.

2 COMMENTS

  1. OD SEKOJ PAT BEV VOODUSEVEN OD ZNAMENITOSTITE I VELICESTVENOSTA NA RUSKITE CRKVI , A POSEBNO OD NASITE BRAKA RUSI PO KRV , GEN I VERA PRAVOSLAVNA HRISTOVA ,, VELIKIJA LJUBOV DO SITE BRAKA I VECNI BOZIJI UBAVINI — LJUPCO SKENDEROV OT STRUMICA , MAKEDONIJA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...